Каталонскиот гигант се наоѓа во тешка финансиска ситуација и долгови кои веќе изнесуваат преку милијарда и пол евра/
Каталонскиот гигант се наоѓа во тешка финансиска ситуација и долгови кои веќе изнесуваат преку милијарда и пол евра/
Токму поради оваа причина клубот беше принуден да ги намали платите на сите, а истовремено да остане без Лионел Меси, скапите засилувања засега остануваат само сон за Барселона.
Но, според тамошните медиуми, каталонскиот гигант го најде спасот во Дубаи. Позната компанија се понудила да ги исплати сите долгови, а тимот кд „Камп Ноу“ ќе има обврска да ги враќа истите во следните години со многу мала камата на годишно ниво.
Исто така раководството на Барселона може да биде ослободено од плаќање на долгот во следните две години, по што во следните 12 години ќе ги враќа парите.
Одговор од Жоан Лапорта и неговите соработници засега нема, но за истата сериозно се размислува, одлуката треба да биде донесе наскоро.