Легендарниот напаѓач на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација Роџер Хант, почина денеска после долго боледување во 84-тата година од животот, соопштија од Ливерпул.
Хант е втор најдобар стрелец на Ливерпул на сите времиња со 285 постигнати голови на 492 одиграни натпревари.
Со Ливерпул освои две титули шампион, еден ФА Куп и три Супер-купа. Хант беше дел од Англија која во 1966 година ја освои титулата светски првак, единствена титула во историјата на Англија. Одигра за оваа селекција 34 пати, и даде 18 гола.