Перфектен септември: Вардар 1961 е во серија од седум меча без пораз!

376

По третото коло (иако истото не е комплетирано) во Лигата на шампиони, Вардар 1961 ќе биде во одбрано друштво или што би рекол Веселин Вујовиќ малку тимови засега можат да се пофалат со пет бода.

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ падна Алборг (30-28), а македонскиот тим одново успеа да ги исполни срцата на своите фанови, со еден стил на игра, кој го наметна уште по првото коло, а за кој многумина беа скептични дека ќе се повтори и во следните мечеви.

Вардар 1961 одигра на ист начин против Мешков Брест, но и сега против Алборг, иако имаше моменти на слабост, покажа дека може да се врати уште посилен.

Триумфот над Алборг беше втор во Лигата на шампиони, вкупно шестти сезонава. Актуелниот македонски првак има четири победи во домашниот шампионат, два во ЛШ и едно реми во ЛШ, за перфектен септември. Дали овој месец ќе го заврши и како лидер на табелата во европското натпреварување, останува да биде познато утре по комплетирање на третото коло во ЛШ.

ПретходноШефот на Фиорентина за Влаховиќ: Ни Батустута, ни Руи Коста немаа такви договори
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Левандовски двапати во мрежата на Динамо (К), без голови во Торино и Манчестер (ВИДЕО)