Премиернниот натпревар во регионалната Јадранска лига нема да им остане во добро сеќавање на кошаркарките и стручниот и раководен тим на Баскет КАМ. На првата средба македонскиот првак беше убедливо совладан со 48-100.
По рамноправната игра во првата четвртина (24:25), во следниот период Баскет Кам се распадна гостинките од Нови Сад нправија неверојатни (59:18).
Американката Адијат Адамс имаше дабл-дабл од 21.поен и 18.скока, но ниту една друга кошаркарка од домашната екипа не стигна до двоцифрен број на поени на дебито во WABA лигата.
Кошаркарките на Баскет КАМ на 6.октомври, повторно играат на домашен терен, против екипата на Орлови од Бања Лука.