Австралиски тенисер од милионер до пропаст: Барав храна од моите пријатели

361

Поранешниот австралиски тенисер Марк Филипусис, во една телевизиска програма раскажа дека неговата кариера толку била во пад, што во еден момент барал храна од своите пријатели.

Повредите, но и лошото менаџирање со богатството придонеле Филипусис на крај за малку и да остане без дом, откако му се заканувала заплена поради неплаќањето на хипотека.

Татко ми имаше добра работа во банкарскиот сектор, но ја напушти работата затоа што сакаше да ми помогне да ги исполнам соништата. Во текот на кариерата ми велеа да штедам за лоши денови. Чувствував многу срам бидејќи родителите се откажаа од нивниот сон, за мене да ми овозможат да успеам. Нема поголема болка од тоа да гледам како саканите страдаат поради моите постапки“, кажа Филипусис.

Додека беше во елитата на светскиот тенис, Филипусис често знаеше да се „расфрла“ со купување на луксузни автомобили, имаше и 15 мотоцикли, и луксузни имоти.

Еднаш кога го прашале зошто купил толку скап автомобил, рекол:

Не можам повеќе да се возам со такси“.

Во 2009 година мораше да оди на суд за да избегне заплена на неговиот семеен дом поради задоцнето плаќање на хипотека.

ПретходноКанаваро не се враќа во Кина
СледноЕ. Пелистер во вториот шешир пред ждрепката за Европската лига