Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов и неговиот тим Шериф испишаа нова историја во Лигата на шампиони, на „Сантијаго Бернабеу“ го совладаа Реал Мадрид со 2-1 и се најдоа на првото место на табелата со шест бода.
По 2. коло Шериф има максимален ефект, на три бода е пред Реал Мадрид, пет повеќе од Интер и од Шахтјор.
По поразот Карло Анчелоти причината за ваквиот епилог го виде во лошата среќа.
„Ваков меч не очекувавме, не бевме фокусирани во добраната. Го имав мечот под контрола, но можам да кажам дека немавме среќа. Имавме многу шанси, навистина не изненадија, во двата случаи кога постигнаа голови. Немавме среќа. Игравме добро, но ова се случува кога немате среќа.
Шериф е добар тим, добро се брани. Пробавме се, но сепак ова е фудбал“, изјави тренерот на Реал Мадрид.