„Баделки“ поразени на првиот меч од новата сезона во ВАБА лигата

226

Кошаркарките на Бадел загубија во првиот меч од новата сезона од ВАБА лигата на домашен терен со 77:74 од екипата на Монтана.

„Баделки“ одиграа одлично прво полувреме и добивајќи ги стартните две четвртини заминаа на пауза со предност од 3 поени. Сепак, во вториот дел гостинките имаа извонредна трета четвртина која ја добија со 19:10 и со тоа практично го свртеа текот на мечот и го решија прашањето за победникот. Иако Бадел беа подобри и во завршната четвртина, не успеаја да ја анулираат негативата од третиот период.

Стојановска постигна 22, а Димова 17 поени во поразот на Бадел.

ПретходноВујовиќ: Среќен сум, но мора да газиме цврсто на земја, нема да биде вака се розево!
СледноВо „Јане Сандански“ само еден може да биде шампион – Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)