Покрај дуелот меѓу Вардар 1961 и Алборг, во рамките на 3. коло денеска во центарот на вниманието е дербито меѓу Веспрем и Барселона, меч од групата Б, кој исто така се игра во 18:45 часот.
Унгарскиот тим за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, ќе игра пред полни трибини, билетите за пресметката со каталонскиот гигант се рапродадени.
Веспрем во минатото коло доживеа пораз на гости кај Келце, па против каталонскиот гигант, кој има перфектен скор, ќе бара враќање на победничките патеки. Дали навистина оваа сезона ќе биде подобра, останува да видиме денеска, Барса ќе биде тест за силите.
Во 18:45 часот, Мотор е домаќин на Келце, додека два часа подоцна, ПСЖ му гостува на Фленсбург, а ППД Загреб е гостин на Елверум, во меч од групата А.
ФОТО: Веспрем