Будимир: Подготвени сме за Шкендија (ВИДЕО)

420

Македонскиот младински првак, тимот на Шкендија утре со почеток од 14:00 часот на комплескот Петар Милошевски во Скопје, ќе го одигра првиот дуел од двомечот против хрватски Хајдук, во рамките од првото коло од УЕФА младинската лига.

Хрватите доаѓаат како оптимисти, нивниот тренер Маријан Бидимир вели дека тој и неговите момци се подготвени за предизвикот.

„Ги добивме сите потребни информации за противникот. Добивме и видео, знаеме за каков противник станува збор, и со што се соочуваме. Не преценуваме но не ни потценуваме некого. Ќе се обидеме да обезбедиме победа во Скопје, а и да не се случи тоа, имаме реванш на домашен терен“ – изјави Будимир.

ПретходноЕ. Пелистер во вториот шешир пред ждрепката за Европската лига
СледноЏака е тешко повреден, го чека долга пауза