Вујовиќ: Среќен сум, но мора да газиме цврсто на земја, нема да биде вака се розево!

835

Веселин Вујовиќ има право на големо задоволство, неговиот тим по три кола има пет бода, како што рече и самиот, нешто што го немаат сите клубови во Лигата на шампионите.

Има стратегот и замерки за своите соиграчи, но тоа ќе го остави за тренинзите што следуваат, најважно е дека Вардар 1961 го победи актуелниот европски вицепрвак.

„Честитки до мојот колега, неговата работа беше одлична, Алборг го респектирам премногу. Бев скпетичен пред мечот, но во текот на истиот се боревме, ја контролиравме играта, во одбраната игравме одлично благодарение на Борко.

Секако дека сум задоволен и среќен, сега имаме пет бода, тоа го немаат многу клубови во Европа. Но, мора да газиме цврсто на земја, треба да бидеме мирни, ќе дојдат и лоши денови нема да биде вака розево“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот.

Следен противник на Вардар во Лигата на шампиони е Монпење, пред оваа средба го чека дуел со Бутел Скопје во рамките на домашниот шампионат.

ПретходноРистовски е скромен: Не ми се важни одбраните, важно ми е тимот да победи!
Следно„Баделки“ поразени на првиот меч од новата сезона во ВАБА лигата