ПСЖ во второто коло во рамките на групата А во Лигата на шампиони на домашен терен го совлада Манчестер Сити со 2-0. Головите за францускиот тим ги постигнаа Гуеје во 8. минута и Меси во 74. минута.
Пеп Гвардиола, тим-менаџерот на Манчестер Сити беше воодушевен од еден играч на ПСЖ, а тоа не е Лионел Меси.
„Ако Меси е среќен во Париз, и јас сум среќен за него. Дозволете да ви кажам дека сум заљубен во Марко Верати. Станува збор за неверојатно до бар играч, на него секогаш можете да сметате. Среќен сум што се врати по повредата“, изјави Шпанецот.
Италијанскиот репрезентативец во ПСЖ дојде во 2012 година.