Дибиров: Прогнозите не се за мене! Вардар губеше се – па освои титула, беше и фаворит на Ф4 – па заврши последен!

541

Тимур Дибиров еден од оние ракометари на овој Вардар 1961, кој ги мина сите фази на тимот. Од падови до подеме, од титули до „фијаско“. Поучен од целото минато и искуството кое го има како член на актуелниот македонски првак не сака да прогнозира ништо на самиот старт на сезоната.

„Прогнозите не се за мене. Низ годините минати тука, јас не гледам каков ќе биде тимот на стартот на сезоната. Низ сезоните наназад, Вардар го имам видено во различни изданија. Го знам Вардар кој губел се на почетокот, а потоа ја освоил Лигата на шампионите, зборувам за втората шампионска генерација. Бев дел од Вардар кој дојде како фаворит на фајнл-фор завршницата, во најсилен состав, на крајот заврши како последен“, изјави Дибиров.

Според главниот „мотор“ во играта на Вардар 1961, секој тим има потенцијал, треба само да се работи, резултатите само ќе дојдат.

„Екипата секогаш има потенцијал. Секој тренер има свој стил на игра, мене лично ми се допаѓа кога се менува стилот на игра. Големи се оние играчи кои можат брзо да се прилагодат да секој стил на игра, да го менуваат концептот. Колку побрзо ќе го прифатиме стилот на играт на Вујовиќ, поточно ќе се прилагодиме, толку побрзо ќе дојдат и резултатите.

Ако има добар резултат тоа значи дека сме се прилгдоле, но доколку резултатот не добар, тоа не значи дека дебакл. Тоа ќе значи дека ни треба време да се прилагодиме. Мора да останеме со ладни глави и да бидеме сериозни. Оние кои што работат, секогаш остваруваат добри резултати. Јас не познавам тим кој работи, а нема добри резултати“, посочи Дибиров, кој на дуелот со Е.Пелистер постигна десет гола.

Вардар 1961 денеска (18:45 часот) на домашен терен го пречекува Алборг во рамките на 3. коло во Лигата на шампиони.

ПретходноВардар, сепак, без Кудуз против Алборг
СледноБилетите распродадени: Барселона ја чека пекол во Веспрем