За сите оние кои рекоа дека Шериф нема што да бара во ЛШ

248

Тренерот на Шериф Јуриј Вернидуб по сензационалниот триумф над Реал Мадрид испрати порака до холандскиот репрезентативец Дирк Кајт. Холанѓанецот го исмејуваше Шериф пред почетокот на ЛШ со тоа што му порача на молдавскиот клуб дека не му е местото во елитата.

„ЛШ е натпреварување за шампиони и свесен сум за тоа. Сепак, екипи како Шериф нема што да бараат тука“, изјави Кајт за една холандска телевизија.

Одговорот стигна по победата над Реал со 2:1 на „Бернабеу“ што претставува сензација. Уште повеќе, Шериф има две победи по две кола во групата и е лидер со максимални шест бодови.

Некогашниот голем фудбалер Дирк Кајт рече дека на Шериф не му е местото во Лигата на шампионите. Поради тоа ми е мило што му го урнавме неговиот совршен свет“, порача Вернидуб.

ПретходноФИЛИП ДУРАНСКИ: Нашата репрезентација игра одличен фудбал, резултатите ќе дојдат!
СледноЖешко во „Јане Сандански“: Вардар има егал со Алборг, кам-бек на Ристовски во вистинско време