Евролига пред стартот на новата сезона која почнува утре, воведе ново правило.
Раководството на ФИБА донесе одлука, поточно им дава можност на тренерите еднаш во текот на натпреварот да коритат „challenge“, по примерот во тенисот. Ова правило нема да се користи само во Евролига, туку во сите натпреварувања кои се под „палката“ на европската куќа на кошарка.
Оваа одлука е донесена за да сезоната мине во значот на фер-плејот и максимална праведност на мечевите.
Тренерите покрај теренот ќе можат да побараат „challenge“ со помош на гетикулација со прстот, поточно со истиот треба да покаже кон судијата за да може да се изврши преглед на снимката.
Постојат 16 различни ситуации кои ќе им овозможат да го користат новото правило, меѓу нив се личните грешки, шутевите за три поени…