Е. Пелистер во вториот шешир пред ждрепката за Европската лига

99

Познати се квалитативните шешири пред ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер се најде во вториот шешир, заедно со Савехоф, Винтертур и Чеховски Медведи и тоа се единствените екипи против кои не може да се сретне во групната фаза.

Нант на Кирил Лазаров е во првиот шешир, меѓу фаворитите заедно со Магдебург, Бидасоа и Татабања.

Ждрепката за извлекувањето на групите е в четврток, а првото коло на 19 октомври 2021 година.

Шешир 1:
Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)
Шешир 2:
Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)
Шешир 3:
Горење (Словенија), АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).
Шешир 4:
Фуксе Берлин (Германија), Екс Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)
Шешир 5:
Ним (Франција), Висла Плок (Полска), ГОГ Гудме (Данска), Бенфика (Португалија)
Шешир 6:
Нексе Нашице (Хрватска), Натурхаус Ла Риоха (Португалија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Тулуз (Франција)

 

ПретходноАвстралиски тенисер од милионер до пропаст: Барав храна од моите пријатели
СледноБудимир: Подготвени сме за Шкендија (ВИДЕО)