Жешко во „Јане Сандански“: Вардар има егал со Алборг, кам-бек на Ристовски во вистинско време

322

По првото полувреме против актуелниот вицепрвак, Вардар има нерешен резултат 16-16. Ова е меч од третото коло во Лигата на шампиони.  Македонскиот тим имаше неколку падови, но и добри подеми, не му дозволи на противникот да влезе во турбо ритам иако на двапати имаше негатива од четири гола.

Борко Ристовски има пет интервенции, влезе на местото на Мартин Томовски, Тимур Дибиров шест гола од седум обиди.

Она што Вујовиќ предупреди пред мечот се случи. Алборг набрзина направи пресврт, со серија од 5-0 поведе со за 4-8 во 12 минути. Гостите сето ова го изведоа за неполни четири минути. Реализацијата, но и одбраната не функционираше, играчи не се враќаа брзо, а грешките против данскиот тим скапо чинат, тоа се виде на дело.

И гостите конечно погрешија, па Вардар со головите на Кевин и Георгиевски намали на 7-9 на средината на првото полувреме. Македонскиот тим сепак влезе во три минутен пост, беше во 17. минута беше (7-11).

Сепак кога „црвено-црните“ играат на домашен терен, работите се менуваат и тоа како брзо, особено кога функционира дефанзивата. Два гола на Дибиров, еден на Валчак и одбрана на Ристовски, брзо ја стопија негативата (10-11).

Борко влезе во серија, а вицепрвакот пет минути беше без погодок, благодарение на дисциплина во одбрана, Вардар успеа да изедначи (13-13), не искористи напад за враќање на водството. По петата интервенција на Ристовски, Дибиров донесе водство 16-15, сепак Алборг израмни на 16-16.

Не чека и тоа како интересно второ полувреме.

ПретходноЗа сите оние кои рекоа дека Шериф нема што да бара во ЛШ
СледноПодаток кој покажува дека Чакир е кошмар за италијанските клубови