Како што информираат од Фудбалскиот сојуз Германија, од денеска онлајн може да се купат влезници, односно да се порачаат, за мечот во Скопје против Македонија кој се игра на 11 октомври.
Иако властите во Германија не препорачуваат патување во Македонија поради корона – кризата, сепак одреден контиген на билети се обезбедени за германските фанови. Еден билет за нив ќе чини пет евра. Инаку билети можар да купат само членовите на националниот фан клуб на Германија.
Во случај да има повеќе побарувања, тогаш со лотарија ќе се утврди кој ќе добие билет.
Исто така се напоменува кои се ковид – мерките за влез на Арената во Скопје за мечот кој се игра на 11 октомври со почеток од 20:45 часот.
ФОТО: Germany Twitter