ЛШ: Македонецот Ракип со Малме на гости кај Зенит, супер – дуел меѓу Јуве и Челзи

193

Вечерва на програмата се преостанатите осум натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите, и тоа во групите Е, Ф, Г и Х. Секако дека за нас најинтересно ќе биде во Санкт Петербург, каде новопечениот македонски репрезентативец Ердал Ракип ќе настапи за својот Малме на гости кај Зенит.

Ракип е вториот Македонец, по Бобан Николов кој вчера со својот Шериф го победи Реал Мадрид на гости, кој оваа сезона настапува во најквалитетно европско клупско натпреварување.

Супер – дербито се игра во Торино, каде домашниот Јувентус го дочекува европскиот првак, тимот на Челзи. Се очекува голема борба за бодовите.

Баерн Минхен е апсолутен фаворит против Динамо Киев, меч кој се игра на „Алијанц Арената“ во Минхен. Од Манчестер Јунајтед се очекува триумф на „Олд Трафорд“ против силниот Вилјареал. Барселона гостува во Лисабон, кај португалскиот гигант Бенфика, додека Аталанта на свој терен ќе ги одмери силите со Јанг Бојс. Во најнеатрактивната група -Г, Салцбург игра со Лил а Волфсбург против Севилја.

Синоќа на мечевите во групите А, Б, Ц и Д беше супер интересно, очекуваме така да биде и вечерва.

ГРУПА – Е

БАЕРН – ДИНАМО КИЕВ (21:00 Ч)

БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА (21:00 Ч)

ГРУПА – Ф

АТАЛАНТА – ЈАНГ БОЈС (18:45 Ч)

МАНЧЕСТЕР Ј. – ВИЉАРЕАЛ (21:00 Ч)

ГРУПА – Г

САЛЦБУРГ – ЛИЛ (21:00 Ч)

ВОЛФСБУРГ – СЕВИЛЈА (21:00 Ч)

ГРУПА – Х

ЗЕНИТ – МАЛМЕ (18:45 Ч)

ЈУВЕНТУС – ЧЕЛЗИ (21:00 Ч)

ПретходноАндреј Цветковски за посилен Гостивар
СледноБез Фазлагиќ против Фарски и Ерменија!?