Милевски: Очекувам фудбалерите да бидат во подобра форма, со Лихтенштајн ќе ни биде тешко

204

Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за дуелите со Лихтенштајн и со Германија во октомвриските квалификации.

Селекторот на Македонија кажа дека очекува формата на репрезентативците да биде подобра сега од септемвриските дуели.

„Очекувам репрезентативците да бидат во далеку подобра форма од минатите натпревари, сите кои беа дискутабилни околу минутажа се во тренажен и натпреварувачки ритам. Секогаш е добродојдено да имаат поголема минутажа, но во моментов сум задоволен од нивната минутажа.

Септемвриски циклус беше период кога првенствата не беа почнати, немаа клубови, но сега би требало да биде далеку подобро“, рече Милевски.

Селекторот очекува исклучително тежок меч со Лихтенштајн и рече дека оваа селекција на Лихтенштајн не е иста како од минатото.

„Што се однесува до првиот меч со Лихтенштајн, можеби најтешкиот меч во овие квалификации. Лихтенштајн со својата форма со Германија, Романија и Ерменија, покажа дека не е таа селекција од порано, и се работи за една добро организирана екипа со тактичка дисциплина на максимум, и навистина го покажаа со Германија, го загубија мечот, но беше решен на крајот. На гости одиграа 1:1 со Еременија и тоа покжуива не чека тежок противник и тежок натпревар“, потенцираше Милевски кој рече дека не сака сега да се фокусира кон Германија, туку само кон Лихтенштајн.

„За Германија не треба да се трошат зборови, но сега би бил целосно фокусиран кон првиот меч. Потоа ќе размислуваме за Германија“, изјави Милевски.

ПретходноМилевски: Против Лихтенштајн сме фаворити, но тоа се докажува на терен
Следно„Со Ракип репрезентацијата ќе добие во квалитет“, рече селекторот Милевски