Македонската фудбалска репрезентација во периодот кој следи ќе одигра два клучни мечеви од тековните квалификации. Против селекцијата на Лихтенштајн на осми на гостински терен односно против Германија на единаести на домашен.
Селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие дуели, а со оглед на повредите односно суспензиите кои ги имаме за овие меч. Енис Барди, Аријан Адеми, Висар Муслиу се повредени, а Тихомир Костадинов за првиот меч против Лихтенштајн е суспендиран поради жолти картони.
„Не само Енис Барди ние подолг период имаме проблеми со повеќе играчи. Покрај Барди тука е и Муслиу кој не е во натпреваруцачки ритам. Барди се пожали на повреда веднаш по враќањето од репрезентативните обврски. Барди ќе ја има последната снимка утре, па потоа лекарскиот тим ќе одлучи што и како. Муслиу и Адеми ќе бидат во недела на собир. Најреална слика ќе имаме по собирот. Дарко Чурлинов има скршеница на вилицата, која што е дијагносицирана пред два дена. За среќа не е сериозна повредата, и со специјална маска ќе биде на располагање за настап“ – изјави селекторот Милевски околу здравствениот билтен.
„Секако дека очекувам репрезентативците да се во подобра физичка и натпреварувачка форма. Добредојдено е да имаат поголема минутажа, секогаш може и подобро и повеќе. Ќе видиме како сето ова ќе се одрази на терен. Претходниот двомеч беше во еден меѓу простор, септемвриски тајминг меѓу шампионати што се вели. Што се однесува до мечот со Лихтенштајн, убедливо најтешкиот дуел според мене. Покажаа дека не се лесен противник. Тактички, физички не се инфериорни. Со Германија одиграа добро, мечот беше решен на крај. Со Ерменија одиграа нерешено. Тоа покажува многу околу нашиот следен противник“ – рече селекторот на Македонија.
Ракип е засилување, на него е да се докаже и наметне
„Мислам дека Едрал Ракип со своите настапи со своите настапи заслужи повик. Квалитетен играч со кој ќе ја зголемиме конкуренцијата, и на него е да се наметне како еден од водачите на оваа гемерација. Тој е роден 1996 година, и во него има доста потенцијал за во иднина.
Да ги исправиме грешките од минатите мечеви
„Што се однесува до изминаттие мечеви оние од септемврискиот циклус во глобала сум задоволен од она што го одигравме, со назнака да се поправиме во оној дел каде што реално треба. Реализација, односно концентрација во завршницата, за да може да се валоризира она што го работиме на терен преку целиот меч“ – вели селекторот Милевски, за да поентира на крај.
„Против Лихтенштајн сме фаворити, да. Но тоа се докажува на терен со игра и со залагање. Во моментов сме фокусирани само на тоа, Германија воопшто не ни е во мислите, и евентуален нов сензационален подвиг“ – поентира селекторот.