Мурињо остана без двајца главни играчи за мечот со Зорија во ЛЕ

201

Екипата на Рома замина за Украина без двајца главни играчи во пресрет на мечот со Зорија во 2. коло од Лигата на Европа. Според информацијата од Италија, од групата фудбалери кои отпатуваа со тимот поради повреди отпаднаа дефанзивецот Рик Карсдорп и играчот од средниот ред Верету.

Во својот прв натпревар во групата, Рома победи убедливо со 5:1 против ЦСКА на „Олимпико“, но во пресрет на ова гостување претрпе пораз на градското дерби со Лацио во Серија А.

ПретходноЛШ: Киеза му пресуди на европскиот шампион, Роналдо го спаси Манчестер Ј., Барса тоне како Титаник (ВИДЕО)
СледноИтен состанок во Барселона: Куман е веќе „поранешен“, но кој ќе се нафати да седне на негово место?