На крилата на чудесниот Ристовски, Вардар 1961 го урна европскиот вицепрвак

1504

Вардар 1961 дојде до втората победа, откако на домашен терен го совлада Алборг со 30-28  во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Главна фигура на мечот беше Борко Ристовски, во својот прв меч во Лигата на шампиони оваа сезона ја спушти ролетната пред опадниот напад на актуелниот вицепрвак, на крајот запиша 16 интервенции.

Како во старите добри времиња, овој нов состав испрати силна порака, и покрај промените и бројните заминувања, ќе биде опасен. Оливие Њокас мечот го заврши со седум гола, шест има Дибиров, додека Тото запиша пет.

Во првото полувреме, гостите во два наврати покажаа колку можат да бидат опасни, но македонскиот тим докажа дека свој терен е опасен, лесно не се предава. И на двете страни нападот затајуваше, момент кој се користеше добро.

Алборг во 12 минута набрзина поведе со 8-12, грешките против ваков состав скапо чинат. Но, „црвено-црните“ по тајм-аутот на Веселин Вујовиќ на кратко се разбудија, по што данскиот тим по вторпат дојде на плус четири (7-11).

Токму по ваквиот расплет, Ристовски во првиот меч во ЛШ сезонава влезе во серија на одбрани, дефанзивата беше зацврстена, па проблем имаше вицепрвакот. Вардар при 10-11 не искористи напад да го врати водството само израмни, тоа успеа да го стори пред крајот на првото полувреме, со погодокот на Дибиров (16-15), Кристенсен се избори з 16-16 на одморот.

Одлични први пет минути на стартот на второто полувреме, три интервенции на Ристовски, два гола на Тото и еден на Оливие Њокас, му донесоа на Вардар водство од највисоки 20-17.

На крилата на Борко се одеше полесно, во 38 минута ја запиша десетата интервенција, но македонскиот тим двапати не искористи шанса за водство од четири гола. Две грешки во низа, го вратија Алборг на 22-21, Вујовиќ веднаш повика тајм-аут, кој веднаш вроди плод на средината на првото полувреме беше (24-21) со головите на браќата Њокас.

Со две нови интервенции на Ристовски, и погодокот на Њокас, Вардар за првпат поведе со 28-24 на седум минути до крајот. Ракометарите на македонскиот тим во најлош момент влегоа во серија на грешки, па Алборг намали на 28-27 во 57. минута, Борко спаси да дојде до израмнување. Оливие Њокас постигна важен гол, на другата страна Ристовски стави печат.

Вардар по третото коло има две победи и едно реми, и засега е на врвот на табелата во групата А.

ПретходноСелери кап: Барселона на рекорден минимум, Реал го крена нивото на 740 милиони евра
СледноВеспрем и Манасков го добија супер-дербито со Барселона