Нејмар, Лионел Меси и Килијан Мбапе синоќа покажаа дека можат заедно да функционираат и да бидат убиствено напаѓачко трио.
ПСЖ славеше на големото дерби против Манчестер Сити со 2-0, а во листата на стрелци се запиша и Лионел Меси, постигна гол во свој стил на асистенција на Килијан Мбапе.
По официјалното претставување на Аргентинецот во дресот на ПСЖ во медиумите имаше бројни информации дека во соблекувалната се промениле многу работи и дека Мбапе веднаш барал да си замине.
Но, фановите на францускиот тим вчера се израдуваа и се уверија дека засега нема проблеми, а за тоа се погрижи Нејмар. Тој на својот „Инстаграм“ профил објавија фотографија заедно со Мбапе и Меси, нивните насмевки велат дека атмосферата е одлична и дека нивните поддржувачи немаат причина да бидат загрижени.
View this post on Instagram