Од 100 до 400 денари: Билетите за дуелот со Германија во продажба од понеделник!

2267

Како што дознаваме, билетите за мечот со Германија на 11 октомври, ќе бидат пуштени во продажба од понеделник. Цената ќе варира од 100 па до 400 денари. Според најавите, капацитетот на Националната Арена “Тодор Проески“ ќе може да биде пополнет 50%, значи ќе може да има најмногу 16.000 гледачи, или толку билети ќе се пуштат во продажба.

Да потсетиме дека во нашата фудбалска историја, репрезентацијата на Германија за првпат гостува во Скопје, во Македонија.

Секако дека на празникот, тоа ќе биде фудбалски спектакл.

Натпреварот започнува во 20:45 часот на 11 октомври.

ПретходноЗа германските фанови билетите за мечот со Македонија во Скопје ќе чинат и пет евра!
СледноУбави вести: Од 1 октомври стадионите во Шпанија ќе бидат полни!