Освен што сте фудбалери, дали работите и нешто друго?

692

Тешка провокација од страна на извесен од Шпанскиот медиум, Ел Чикирита кон играчите на Шериф Тираспол, фудбалските хероји од синоќа кои во рамките од тековното коло од Лигата на Шампионите го совладаа среде Мадрид, „Кралскиот“ Реал со 1:2.

Претходно, при пристигнувањето на гостинскиот состав на самиот аеродром, извесниот новинар, го запрашал Густаво Дулант, еден од херојите на шампионот на Молдавија, дали се сите професионалци, односно дали совен со фудбал некој од играчите има и друга професија.

Дулант нормално строго професионално одговара потврдно, дека сите до еден се професионалци, а веруваме дека ова „идиотско“ прашање додало уште поголема мотивација кај него и кај неговите соиграчи да ја направат веројатно најголемата сензација во историјата на Лигата на Шампионите.

ПретходноЈунакот на Шериф има тетоважа како сонува да игра во ЛШ, претходно се спасил од затвор
СледноАндреј Цветковски за посилен Гостивар