Пред три години ПЛАЧЕА од Шкендија, а сега го победија Реал Мадрид! (ВИДЕО)

906

Зарем некој летото во таа 2018 година, значи само пред три години, по триумфот на Шкендија во 2.квалификациско коло во ЛШ над Шериф Тираспол, дека на ден 28.09.2021 ќе се случи најголемата сензација во најквалитетното клупско европско натпреварување. Дека токму тој Шериф со нашиот Бобан Николов ќе го победат Реал Мадрид и тоа среде “Сантијаго Бернабеу“, и тоа со 2:1.

Тоа лето 2018 година Шкендија на свој терен со голот на Бесарт Ибраими успеа да го победи тимот од Тираспол со 1:0. На реваншот во Тираспол беше 0:0, па така четата на Ќатип Османи се пласира на мегдан против Ред Бул Салцбург.

И така е тоа. Место сега Шкендија да биде во улогата на Молдавскиот клуб, да напредува во овие изминати три години, се случи токму спротивното. Нашиот шампион паѓа ли паѓа, а Молдавците сега си поигруваат со најголемиот клуб во светот.

Место луѓето кои ја водеа или ја водат Шкендија да направеа стратегија за во иднина каде клубот ќе оди, на нив им беше поважно нешто друго. Видете, кај Шкендија парите никогаш не биле проблем, имено проблемот е во фудбалското размислување.

За осум години ниту стадион, нити влез во групната фаза барем во Лигата на Европа или Конференциската лига.

А “шерифите“ од Тираспол, тие што ПЛАЧЕА од Шкендија по елиминацијата летото 2018 година, сега се меѓу ЅВЕЗДИТЕ во Лигата на Шампионите.

Тоа е тоа. Кога ни не знаеме, поточно кога луѓето во Шкендија, не знаат да работата, некој друг знае.

ШЕРИФИТЕ“ СИ ГИ “ИЗМАЧКАА“ ЗВЕЗДА И ДИНАМО

Ждрепката ова лето во ЛШ просто си се “намести“ да гледаме спектакл во Плеј – офот меѓу Динамо Загреб и Ц. Звезда. Требаше само “црвено – белите“ да го минат Шериф во 3.квалификациско коло, а Динамо да слави над Легија.

Сите на Балканот со нетрпение го очекувавме тој мега- спектакл, тој мега-дуел за влез во групната фаза во ЛШ. Но така не мислеа „шерифите“. Прво ја си ја “измачкаа“ Ц. Звезда, а потоа и Динамо Загреб, и тие влегоа меѓу ѕвезденото друштво.

Ај да почнеме од почеток. Во 1.квалификациско коло во ЛШ, екипата од Молдавија славеше против Теута на Баже Тодоровски со вкупни 5:0. Следуваше двомечот со Алашкерт и севкупен триумф од 4:1. Против Ц. Звезда вкупно беше 2:1, а потоа го “растурија“ Динамо Загреб со 3:0 дома. Во групата во првиот меч го победија Шахтјор Доњецк со 2:0, синоќа славеа против Реа, Мадрид на “Бернабеу“.

Е, тоа е екипиште…

Откако ја започнаа европската одисеја во јули во ЛШ, одиграа 10 натревари и ниту еден пораз, ниту еден, а дури осум победи и реми само во Белград и Загреб.

КАДЕ ОТИДЕ БЕ БОБАНЕ?

Кога по триумфот во првиот меч од 3.квалификациско коло во ЛШ со Динамо Загреб со 3:0,. Спортмедиа ексклузивно објави дека еден од нашите најдобри фудбалери Бобан Николов потпиша за Шериф Тираспол, тие што не се разбираат или тие што „многу се разбираат“ во фудбал, како да се потсмеваа.

Во јавноста се „“прашуваа“, – Каде отиде бе Бобане, каде бе во таа Молдавија, во тој Тираспол?

И сега тие истите што ќе кажат?

Сега Бобан Николов игра во тимот, синоќа настапи во Мадрид, што е вистинска сензација во Лигата на Шампионите.

А, нам, односно на Шкендија што ни останува?

Веројатно само да се присетуваме и да го “вртиме“ видеото по којзнае кој пат како тоа тетовци, летото во 2018 со голот на Бесарт Ибраими го „преслушаа“ Шериф.

И, да, да ја колнеме судбината зошто Шериф, а не Шкендија, е хит во фудбалска Европа.

ПретходноНеверојатна трансформација на Дончиќ по само десет месеци (ФОТО)
СледноБадел 1862 ја отвара јадранската сезона: Стартиот должник гостува во Скопје