„Со Ракип репрезентацијата ќе добие во квалитет“, рече селекторот Милевски

322

Ердал Ракип, играчот на Малме е единственото ново име на списокот на селекторот Благоја Милевски за дуелите во октомври против Лихтенштајн и против Германија.

Ракип игра во средниот ред, доби дозвола за настап, а за него Благоја Милевски вели дека ќе биде од огромна помош во средниот ред.

„Со Ракип нашиот тим ќе добие во квалитет, и сметам дека ќе биде од огромна помош во иднина. Игра во Лигата на шампион и сметам дека искуството ќе биде пресудно“, кажа Милевски.

Селекторот уште еднаш потенцираше дека недостасува концентрација во финишот на акциите и завршница.

„Голем придонес има концентрацијата во тој завршен дел во таа завршница. Секој играч кој доаѓа тука треба да биде максимално сконцентриран, посветен, како што и се сите на број од таа гледна точка. Немам никакви замерки за она што се бараше од нив и што го пренесоа на терен.“, кажа Милевски.

Нема ниту еден фудбалер од домашното првенство, а Милевски коментираше дека сите тие кои се во моментов повикани се во подобра форма од домашните играчи, и затоа добиле предност.

ПретходноМилевски: Очекувам фудбалерите да бидат во подобра форма, со Лихтенштајн ќе ни биде тешко
СледноВардар, сепак, без Кудуз против Алборг