Сураез во 97. минута испиша историја во Лигата на шампиони

348

Атлетико Мадрид во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони го совлада Милан со 2-1, победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение.

ВАР токму пред самиот крај досуди пенал за шпанскиот тим, а топката ја зеде Луис Суарез, кој донесе радост во редовите на „јорганџиите“. Со овој погодок Уругвајецот влезе во историјата на Лигата на шампионите, тој е сопственик на најдоцниот победнички гол во ова натпреварување.

Инаку ова е прв гол на гости за Суарез во Лигата на шампиони од 2015 година.

По две кола Атлетико има четири бода, два помалку од Сити, кој е лидер на табелата, на последните две места се наоѓаат Порто и Милан.
ПретходноНејмар со една фотографија ги демантираше сите шпекулации за Мбапе и Меси (ФОТО)
СледноГвардиола го прашаа за Меси, тој откри дека е „заљубен“ во друг играч на ПСЖ