Убави вести: Од 1 октомври стадионите во Шпанија ќе бидат полни!

179

Конечно убави вести од Шпанија. Имено со денеска Владата на Шпанија одлучи од 1 октомври трибините на стадионите во Шпанија за време на натпреварите да можат да бидат полни. Значи може да се користи целиот капацитет на трибините.

Да се потсетиме, кога започна сезоната, капацитетот на трибините можеше да биде само 40%, додека во септември таа бројка се зголеми на 60%.

Се разбира дека на сила остануваат ковид – протоколите. Во петок продолжуваат мечевите од Ла Лига со осмото коло, првиот меч е оној меѓу Билбао и Алавес.

ПретходноОд 100 до 400 денари: Билетите за дуелот со Германија во продажба од понеделник!
СледноКанаваро не се враќа во Кина