И тоа го има во фудбалот, поточно во Турција. Имено парите заминале на погрешна сметка. Грешката ја направиле луѓето во Фенербахче.
Миха Зајц, интернационалецот од Словенија, во 2019 година направил трансфер од Емполи во Фенербахче, трансфер вреден 4.000.000 евра. Во меѓувреме Зајц играше и во Џенова како позајмен играч, а потоа се врати во Фенер.
Во меѓувреме тие 4 милиони евра турскиот гигант ги плаќа низ рати на Емполи. И се било како што треба до минатиот септември. Имено италијанскиот клуб ратата од 831.000 евра не ја добил, а Турците ја платиле. Кога се видело во што било проблемот им се стемнало на луѓето од Фенер. Имено човекот што требало да ја плати фактурата во името на клубот, ја погрешил сметката и место во Емполи тие пари завршиле на сметка на некој си салон за автомобили во холандскиот град Дутинхем. Кога Турците побарале од Холанѓаните да ги вратат парите овие не сакале ниту да слушнат.
И нормално, следувала судска разрешница, по која сепак салонот добил налог да ги врати парите.