„Франс Фудбал“ на 29 ноември во Париз ќе ја додели „Златната топка“

157

Магазинот „Франс фудбал“ го објави датумот на доделувањето на „Златната топка“ за оваа година. Настанот ќе се одржи на 29 ноември во Париз. Листата на номинирани за наградата ќе биде објавена на 8 октомври.

Во 2020 година, церемонијата на „Златната топка“ не се одржа поради пандемијата. Беше објавено дека „Франс фудбал“ во 2021 година ќе додели две награди одеднаш и тоа ќе биде прв ваков случај. Роберт Левандовски најверојатно ќе ја добие Златната топка за 2020 година.

ПретходноБорко Велики – со одбрани на сезоната (ВИДЕО)
СледноФиајско на Баскет Кам во дебито на Јадранот