Чупиќ конечно блесна, бод за ППД Загреб против Елверум

307

Конечно нешто добро и од ППД Загреб оваа сезона во Лигата на шампиони. По двата убедливи порази во првите две кола, хрватскиот тим предводен од екс-вардарецот Иван Чупиќ и некогашниот македонски селектор, Ивица Обрван успеа да го освои првиот бод.

„Плинарите“ на домашен терен одиграа 27-27 против Елверум и тоа благодарение на Чупиќ, кој средбата ја заврши со седум погодоци од девет обиди, шест од нив беа од седум метри.

Без победник заврши и дуелот меѓу ПСЖ предводен од Раул Гонзалез и Фленсбург (27-27) во рамките на 3. коло во ЛШ во групата Б. Францускиот тим има една победа, реми и пораз, и можеме да кажеме дека е далеку од посакуваниот старт, на другата страна бундес-лигашот дојде до првите бодови, претходно имаше два порази.

ПретходноНе еднаш, двапати се избрука: Лук Де Јонг не може да погоди ни празен гол (ВИДЕО)
СледноЛШ: Киеза му пресуди на европскиот шампион, Роналдо го спаси Манчестер Ј., Барса тоне како Титаник (ВИДЕО)