Шефот на Фиорентина за Влаховиќ: Ни Батустута, ни Руи Коста немаа такви договори

508

Напаѓачот Душан Влаховиќ остана во Фиорентина оваа сезона и покрај интересот на голем број на клубови, меѓутоа следува зимскиот преоден рок, па летниот и се поверојатно е дека тој ќе замине од „Артемио Франки“ и ќе потпише за друг клуб. Влаховиќ не потпишал нов договор со Фиорентина, а тоа го нервира сопственикот на клубот Роко Комисо.

Договорот на српскиот репрезентативец е до летото 2023 година, а „виолетовите“ се обидуваат да го продолжат.

Не знам дали Влаховиќ ќе потпише. Му предложивме 40 милиони евра за пет години. Тоа би бил најскапиот договор во историјата на Фиорентина. Тоа е подобар договор од оние кои ги имаа легендите на клубот Габриел Батистута и Мануел Руи коста. Душан презема голем ризик и јас почнувам да се нервирам“, рече Комисо за „Тутомеркатовеб“.

На прашањето дали агентот на фудбалерот е виновен за ова, Комисо одговори:

Не знам. Еден ден е едно, следниот друго. Се надевам дека ќе ја почитуваат Фиорентина, Фиренца и Комисо. Јас имам добар однос со Душан и правам најдобро за него“.

ПретходноВо „Јане Сандански“ само еден може да биде шампион – Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПерфектен септември: Вардар 1961 е во серија од седум меча без пораз!