Без Фазлагиќ против Фарски и Ерменија!?

223

Македонската репрезентација до 21 година на 7. октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12. октомври против Ерманија во Ереван ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година. Селекторот Драган Канатларовски веќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета да овие два меча но сега се појавува проблем кој за нас ќе преставува серизона пречка.

Капитенот Енис Фазлагиќ го мачи повреда на зглобот, не тренира веќе десетина дена и многу веројатно е дека нема да може да настапи на овие дуели. Официјалната информација се чека во текот на денешниот ден, евентуално утре, а секако автоматски потоа и дополнителниот повик, за играч кој ќе биде замена за Фазлагиќ.

 

ПретходноЛШ: Македонецот Ракип со Малме на гости кај Зенит, супер – дуел меѓу Јуве и Челзи
СледноВодителка на РТС: Меси со првенец во дресот на Партизан (ВИДЕО)