Веспрем и Манасков го добија супер-дербито со Барселона

142

По голема борба, ракометарите на Веспрем го добија супер-дербито од 3. коло во ракометната Лига на шампиони, победувајќи ја Барселона на домашен терен со 29:28. Ова е прв сезонски пораз на Барселона, која по големите минус 4 на полувремето (16:12) успеа да се врати во битка за победа, но во завршните минути домашните имаа и повеќе нерви и трпение за да дојдат до тој гол за победа.

Лауге постигна гол за 29:28 во последните две минути од средбата, а Дика Мем не успеа да го реализира нападот за Барселона. Во обид да ја потврдат победата, домашните не успеаја во последниот напад, но не успеа ниту каталонскиот тим, кој имаше последен удар преку Мем кој заврши во рацете на домашниот голман.

Кај Веспрем Маргуч со 8 гола беше најефикасен на мечот, а нашиот Манасков имаше 2 гола со 100% реализација. Кај Барселона по 5 гола постигнаа Ричардсон, Лангаро и Абељо.

Вечерва тесна победа обезбеди и Келце на гостувањето кај Мотор. Полјаците славеа со 26:25 со што се израмнија со Барселона и Веспрем на првите три места во групата со по 4 бода по првите 3 кола.

ПретходноНа крилата на чудесниот Ристовски, Вардар 1961 го урна европскиот вицепрвак
СледноЛШ: Зенит го „здроби“ Малме, Песина за победа на Аталанта (ВИДЕО)