Потајно се надеваа, но и самите не веруваа дека по бројните промени во составот, овој нов Вардар 1961 ќе изгледа магично, страшно и опасно на теренот. Елверум, Мешков Брест и Алборг, ова се трите средби кои македонскиот првак ги одигра во Лигата на шампиони, и на трите испрати силна порака, дека старо-добро познатата „црвено-црна“ чета се враќа на големата сцена.
Вчерва во СЦ „Јане Сандански“ падна Алборг, тимот кој е вицепрвак, тимот пред кого паѓале големи имиња. Но, во Скопје, секогаш има едно правило, не постојат ниту вицепрваци, ниту прваци…Во „вулканот“ само еден може да биде шампион – Вардар.
Играта на овие момци им дава право надеж и на нив, и на тимот, да се надева на една одлична сезона. Вардар 1961 засега нема проблем со многуте новајлии во составот, напротив како промените да годат, како и Веселин Вујовиќ на клупата. Неговата тактика беше одлично подготвена, иако и самиот призна дека правеле глупави грешки, сепак на крајот се бројат бодовите.