Вујовиќ: Алборг е противник по мерка, не смееме да трчаме безглаво!

211

Вардар 1961 денеска (18:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го печекува Алборг во рамките на 3. коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак има три бода, додека противник четири.

Данскит тим и минатата година го покажа својот потенцијал, потврди дека не треба да биде потценет, а за да се добие, Вардар 1961 ќе мора да игра многу внимателно. Иако немаа многу време ниту за одмор, ниту за подготовка, сепак „црвено-црните“ добро знаат како треба против еден тим како што е Алборг.

Веселин Вујовиќ тренерот на Вардар 1961 издови два елементи кои се важни за триумфот на денешниот меч.

„Алборг е препознатлив тим. Начинот на кој играат не се разликува многу од оној на данската репрезентација, ова го кажувам како некогашен играч, селектор и тренер. Цврстината во одбраната и брзото враќање во одбрана, тоа се двата елементи во кои ја гледам нашата шанса. Ако немаат лесни голови во напад и доколку не трчаат многу контранапади, ќе можеме да ги добиеме. Е сега останува отворено прашање колку ќе успее во ротација да го издржиме тој ритам. Ниту јас како тренер се уште не знам што се може оваа екипа, бев изненаден од играта против Мешков, да немавме неколку грешки ќе беше поубедлив резултатот и против Е.Пелистер, но тоа е минато“, вели Вујовиќ.

Алборг ќе биде вистински тест за можностите на овој состав на македонскиот тим.

„Ова е противник по наша мерка, играчки и тренерски, ќе биде вистинска шанса да видиме на кое ниво сме. Ако поведеме со два разлика, Алборг за 30 секунди може брзо да не стигне. Затоа ако водиме со два ќе одиме полека, за да стигнеме до предност од три гола, не смееме да трчаме безглаво, да им дозволиме да не стигнат. Кога велат дека не треба да брзаме, не значи дека ќе играме споро.

Ако успееме да ги добие нашите амбиции стануваат реални. Но, што и да се случи барам од моите играчи да газиме цврсто по земја, да одиме од меч во меч“, додаде Вујо.

Поединечните билети се уште можат да се набават, сите информации ги има на официјалната страница на Вардар.

ПретходноБадел 1862 ја отвара јадранската сезона: Стартиот должник гостува во Скопје
СледноМилионерско изненадување во Тетово и во Ново Село