Податок кој покажува дека Чакир е кошмар за италијанските клубови

354

ФОТО: Твитер

По поразот на Милан од Атлетико Мадрид, популарната „Газета дело Спорт“ извелезе со информација дека италијанските клубови и италијанската репрезентација доживеале 18 порази кога им судел Џунејт Чакир. Турскиот судија се најде на удар на италијанската јавност по мечот меѓу Милан и Атлетико во кој „росонерите“ водеа, а во финишот на мечот со гол од пенал изгубија со 1:2. Меѓу критичарите беше и Фабио Капело кој рече дека Чакир го „уништил мечот“, а истото го мислат и неколку играчи на „росонерите“.

Кеси беше исклучен во првото полувреме, а во финишот Луис Суарез од пенал погоди за победа на Шпанците.

„Газета“ информира дека од 32 меча во кои се вклучени италијанските клубови и репрезентацијата 18 завршиле со пораз.

Во ноември 2017 година „Аѕурите“ го загубија мечот со Шведска во плеј-офот за СП 2018, а Чакир беше арбитар и тогаш весниците тврдеа дека Ола Тоивонен требало да биде исклучен.

„Газета“ се насочи на клубовите, посочувајќи ги проблемите на Наполи со турскиот судија. Од вкупно седум натпревари на Наполи, а последниот беше во август 2020 година во осминафиналето против Барселона кога каталонската екипа победи со 3:1. Исто така го посочи и мечот со Атлетик Билбао во квалификациите за ЛШ во сезоната 2014/15 во кој Шпанците победија со 3:1 на свој терен.

Финалето во 2015 меѓу Јувентус и Барселона заврши во корист на „блауграна“, а „Газета“ го потенцира „очигледниот фаул“ на Дани Алвес врз Пол Погба кој не бил санкциониран, а требало да биде досуден пенал. Барса го доби тој меч со 3:1 и го освои трофејот.

Со Чакир на теренот Рома изгуби со 3:1 од Порто во осминафиналето на ЛШ во сезоната 2018/19, а Интер ги изгубил сите три меча во ЛШ кога Турчинот бил на теренот.

„Газета“ ги посочи трите порази на „нероаѕурите“ од 2012 до 2018 од Вердер, Марсеј и Тотенхем но за нив не најде забелешки до Чакир.

ЛИНК

 

ПретходноЖешко во „Јане Сандански“: Вардар има егал со Алборг, кам-бек на Ристовски во вистинско време
СледноСелери кап: Барселона на рекорден минимум, Реал го крена нивото на 740 милиони евра