Фабио Канааро повеќе не е тренер на екипата на Гвангжу. По финансиските проблеми кои ги пројави овој клуб беше јасно дека ќе дојде до ваков развој на настаните. Канаваро нема да се врати во Кина и нема да го продолжи водењето на клубот со кој ја освои и шампионската титула.
Тој замина во Гвангжу во 2017. година, а клубот јавно му се заблагоради за соработката во изминатиот период.