Џака е тешко повреден, го чека долга пауза

153

Фудбалерот на Арсенал Гранит Џака поради повреда на коленото ќе паузира три месеци, соопштија од лондонскиот клуб. Швајцарецот се повреди во неделата на градското дерби против Тотенхем.

„Џака веќе почна да работи на програмата за заздравување и рехабилитација, а целта ни е играчот да се врати во акција за околу три месеци“, соопштија од Арсенал.

Идното коло „топчиите“ му гостуваат на Брајтон.

ПретходноБудимир: Подготвени сме за Шкендија (ВИДЕО)
СледноФенербахче ја погрешил сметката и место на Емполи уплатил 831.000 евра на салон за автомобили!