Херојот на Андалузија, Иван Ракитиќ, со чиј гол од пенал синоќа Севиља се спаси од пораз кај Волфсбург во мечот од 2. коло во Лигата на шампионите, за малку ќе добиеше шише в глава по мечот.
Имено, додека даваше изјава за тв-станиците, кон хрватскиот фудбалер полета пивско шише, но за среќа, Ракитиќ навремено успеа да го избегне. Интересно е што автор на оваа невкусна шега е еден од неговите соиграчи.
— Samu Guerra (@ElSamuGuerra) September 29, 2021