Евертон и Ливерпул би можеле да влезат во трансфер битка за напаѓачот на Порто, Луис Дијаз. Двата гратски дивали се заинтересирани за 24-годишниот Колумбиец и може официјално да дадат понуди за него во јануари, пренесува Индипендент.
Евертон долго време беше заинтересиран за овој играч, па дури и даде понуда за него во текот на летото, што вклучува враќање на Хамес Родригез на „До Драгао“. Но, тогаш нивната понуда беше одбиена од португалскиот клуб. Сепак, „карамелите“ не се откажаа од овој играч и се очекува да направат уште еден обид да го земат во јануари, особено што клубот испразни место по заминувањето на Хамес во правец на Ал Рајан.
Во исто време, сепак, Дијаз е во знакот на Ливерпул. Клубот е малку загрижен за средната возраст на нивното главно напаѓачко трио во лицето на Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане. Затоа тие сакаат да го подмладат својот тим и го свртеа вниманието кон Колумбиецот.