Во последниот меч од третото коло во Лигата на шампиони, дојде до помалку изненадувачки резултат. Кил падна на гостувањето кај Монпеље, кој славеше со убедливи 37-30 и му го нанесе првиот пораз на германскиот тим.
По овој натпревар, Вардар 1961 и Пик Сегед останаа единствените тимови кои немаат пораз по три кола во новата сезона. И двете екипи имаат по пет бода и го делат првото место на табелата во групата А.
Вардар синоќа го совлада Алборг, а претходно и Мешков Брест на домашен терен, сезоната ја отвори со реми кај Елверум. Македонскиот првак ќе има шанса токму против Монпеље на домашен терен да дојде до нова радост и да се зацврсти на лидерската позиција, дуелот се игра на 13. октомври.