Лига на конференции: ПАОК „киксна“ дома, Омонија загуби со „кец во двојка“

116

Во Лигата на конференции вечерва се комплетираше второто коло во групната фаза во кое изненадувањата се случија во Солун и во Никозија.

ПАОК важеше за голем фаворит во дуелот со Слован Братислава, но одигра само нерешено 1:1.

Интересен натпревар се одигра на Кипар. Омонија по првиот дел имаше водство од 1:0 над Карабах, но во вториот дел нешто се случи, па кипарскиот тим на крајот загуби со убедливи 1:4.

Феенорд на домашен терен ја совлада Славија Прага со 2:1, а Копенхаген беше подобар од Линколн од Гибралтар со 3:1. Базел – Каират 4:2, а Тотенхем со 5:1 ја совлада Мура. Унион Берлин беше подобар ривал од Макаби Хаифа, додека Витезе загуби од Рен со 1:2 на домашен терен.

ПретходноНавивачите на Марсеј и Галатасарај предизвикаа прекин
СледноРистовски и Адеми триумфираа со Генк на гости, Црвена Звезда со три бода од Разград (ВИДЕО)