НБА не попушта: Играчите кои нема да играат затоа што се невакцинирани, нема да добиваат плата

159

Во очекување на почетокот на новата сезона во НБА лигата која тргнува на 16 октомври, главната тема пред почетокот на натпреварувањето е дали играчите ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 и на кој начин оние кои не сакаат да се вакцинираат ќе можат да ги извршуваат своите професионални обврски.

Во претходните денови, Кајри Ирвинг, Ендрју Вигинс, Бредли Бил и некои други играчи отворено зборуваа за тоа дека нема да се вакцинираат, додека други, како Двајт Хауард, одбија да го коментираат ова прашање.

Лигата зазеде позиција со која играчите кои ќе ги пропуштаат натпреварите бидејќи не се вакцинирани нема да бидат финансиски компензирани, поточно отсуствата ќе им бидат одбиени од платата.

„Секој играч кој ќе избере да не постапува во согласност со упатствата за вакцинација на локалната власт, нема да биде платен за натпреварите кои што ги пропушта“, рече Мајк Бес, извршен потпретседател за комуникации во НБА.

Некои тимови, како што се Њујорк Никс, на пример, објавија дека се целосно вакцинирани, вклучувајќи играчи, стручен персонал и помошен персонал.

ПретходноПеле е подобар, денеска треба да излезе од болница
СледноРивалите од Манчестер во јануари тргнуваат по Осимен, Наполи ќе бара 120 милиони евра