Ристовски и Адеми триумфираа со Генк на гости, Црвена Звезда со три бода од Разград (ВИДЕО)

226

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо остварија важна победа во Лигата на Европа во дуелот против Генк на гостински терен со 0:3. Хрватскиот тим беше целосно надмоќен над Белгијците, и на крајот славеше заслужен триумф. Двајцата македонци беа стартери, со тоа што Адеми излезе во 64. минута, додека Ристовски го одигра цел меч.

Црвена Звезда иако без неколку првотимци, сепак, успеа да дојде до победа над Лудогорец со 0:1 во Разград, и така да освои нови три бода во Европа.

Баер Леверкузен со убедливи 0:4 го совлада Селтик во Глазгов, а Лацио немаше проблем со Локомотив Москва (2:0). Марсеј и Галатасарај одиграа тврд натпревар кој заврши без голови. Вест Хем ја оправда фаворитската улога и го совлада тимот на Рапид со 2:0.

 

ПретходноЛига на конференции: ПАОК „киксна“ дома, Омонија загуби со „кец во двојка“
СледноПочна новата сезона во Евролигата: Шампионот поразен од Реал Мадрид