Пред стартот на сезоната, засилената Македонија ЃП се најавуваше како екипа која може да им ги расипе сметките на фаворизираните Шкендија и Шкупи. И некаде до 5.коло момците на тренерот Александар Таневски играа и вака и онака што се вели. Беа горе на табелата.
Но затоа во последните три кола катастрофа. Три порази во серија, постигнати само еден гол и примени 9 голови.
Прво Академија Пандев во Струмица си поигра со тимот од Ѓорче со 4:1, потоа Работнички на нејзин терен ја победи Македонија ЃП со 2:0, за да во неделата Тиквеш со 3:0 ги “прегази“ ѓорчепетровци.
А се требаше да биде поинаку, тимот и тоа како се засили со Крстовски, со Сефери и со уште неколку други имиња, квалитетот остана од минатата сезона, се требаше да биде подобро.
Сега веќе нема шега, ако Македонија ЃП не почне да победува ќе биде лошо, и тоа како лошо. За задутре во Ѓорче доаѓа разиграната Ренова која и тоа како ќе и направи проблеми на екипата која во изминатите осум кола дури петпати е поразена.
Неверојатно…
ФОТО: ФК Македонија ЃП ФБ