Арсенал го нуди Лаказет на Милан

140

Арсенал го нуди напаѓачот Александе Лаказет на Милан, пренесува „Калчомеркато“. Французинот може да си замине од Арсенал уште во јуни со оглед на тоа дека договорот му истекува на лето, па Милан има шанса да го потпише поранешниот голгетер на Лион.

Лаказет му се приклучи на Арсенал во јули 2017 и влезе во последната година од петгодишниот договор. Оваа сезона тој одигра само еден меч во Премиер лигата, а инаку има 72 гола во 192 натпревари во дресот на „топчиите“.

Информациите се дека Арсенал не сака да го продолжи договорот со него и сака да се ослободи од него и неговата плата од 9 милиони евра.

Во моментов Жиру и Ибрахимовиќ се напаѓачи во Милан, а тука е и Анте Ребиќ.

ПретходноГолот на Елмас е најбрзиот во Лига Европа!
СледноЛестер во Варшава игра без Ихеначо, фудбалерот не видел дека му истекол пасошот