По вчерашниот дуел меѓу Вардар 1961 и Алборг дојде до промена на вечната листа на стрелци во Лигата на шампиони. На третото место во овој поредок меѓу најдобрите бомбардери во ова европско натпреварување се најде Тимур Дибиров.
На дуелот со Алборг постигна шест гола и стигна до бројката од 971 погодоци во Лигата на шампиони.
На врвот и натаму е нашиот Кирил Лазаров, кој има 1462 гола, иако тој ја одигра последната сезона, сепак тешко дека некој ќе го стигне. Никола Карабатиќ е зад него со 1091 гол.