Е. Пелистер со два лански ривали повторно во иста група во ЕХФ Европската лига

186

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска со ждрепка ја добија групата за главната фаза од натпреварувањето во ЕХФ Европската лига. Битолскиот состав се најде во новоформираната група „Д“ заедно со екипите на Татабања (Унг), АЕК (Грц), Спортинг (Пор), Ним (Фра) и Кадетен Шафхаузен (Шва).

Од годинешните противници, Е. Пелистер минатата сезона беше во иста група со екипата на Татабања, која не успеа да оствари ниту една победа, како и со екипата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Капитенот и селектор на нашата репрезентација, Кире Лазаров исто така ја дозна групата за неговиот Нант кој беше носител во ова натпреварување. Нант се најде во групата „Б“ во друштво на Чеховски Медведи (Рус), Кокс (Фин), Лемго (Гер), ГОГ (Дан) и Бенфика (Пор).

 

ПретходноНевакцинираните спортисти на ЗОИ во Пекинг ќе мораат во тринеделен карантин
СледноНадал испиша историја: 6000 дена во ТОП 10